Заврши денешната расправа за ребалансот на Буџетот
Собраниската комисија за финасирање и буџет ја заврши денешната расправа по Предлог-измените и доплнувањата на Буџетот за 2018 година во второ читање. Расправата ќе продолжи утре во 11 часот.
Во текот на расправата пратениците од опозицијата обвинија дека ребалансот е нераелен и дека со него нема да се постигнат предвидените стапки на економски раст. Нагласија дека со ребалансот власта значително ќе ги намали средствата во здравството и образованието.
За праениците од владеачкото мнозинство, пак, ребалансот е со цел корекција на расходната страна поради обезбедување финансиска поддршка на општините и зајакнување надржавните институции.
Министерот за финансии вчера образложи дека ребалансот се базира на проекција за раст на реалниот БДП од 2,8 проценти во 2018 година, а буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7 проценти од БДП. Со ребалансот, како што кажа, се очекува да се подобри фискалната позиција на општините, за што се предвидуваат три милијарди денари.
Согласно деловникот, расправата во Комисијата за финасирање и буџет, што започна вчера, може да трае најмногу три дена и треба да заврши утре.
Ново на Сител
-
Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
-
Иран кон двата најголеми градови во Катар испука 6 балистички ракети | ВИДЕО
-
Иран ги нападнал американските бази во Катар
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен