Заврши асфалтирањето на улицата „Светозар Марковик во Делчево
Заврши асфалтирањето на најфреквентната улица во Делчево „Светозар Марковиќ“. Улицата која е во должина од 540 метри се гради во рамките на проектот „Општински и рурални инвестиции“, каде е планирана изградба на три улици, а вкупниот проект во износ од 260 илјади евра е финансиран со грант од ЕУ преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според правилата на Светска банка преку Министерството за финансии. Во вкупната сума учествува и државата со 65 илјади евра и општината со 31 илјада евра.
Градоначалникот Горан Трајковски кој направи увид во работите на улицата истакна дека со асфалтирањето на оваа улица се затвора едно тесно грло во патната инфраструктура на Делчево со што ќе се придонесе за урбан изглед на овој дел од Делчево кој има перспектива за нови објекти и градби.
- Асфалтирањето е од огромно значење, бидејќи на оваа улица се наѓаат повеќе институции, меѓу кои градинката, училиштето „Ванчо Прке“, автобуска станица, а улицата се поврзува со зградата на Општина Делчево и центарот на градот. Мора да истакнам дека во овој дел од градот во предвидениот ДУП има планирано и други деловни објекти, како што е маркетот на Кит-го кој е во изградба, потоа катни гаражи. Значи, ќе имаме поголема безбедност во сообраќајот, но и подобар пристап и урбан изглед на овој дел, рече Трајковски.
Тој додаде дека веднаш ќе се продолжи со изградбата на тротоари на улицата.
- Овде ќе биде изграден и тротоар, каде ќе можат пешаците безбедно да се движат, нешто што го немало претходно воопшто на оваа улица. Исто така, претходно има поставено атмосферска канализација што значи дека се запазени сите аспекти, рече Трајковски.
Во рамките на проектот претходно беше реконструирана улицата „Питу Гули“ во населбата Милково брдо во должина од 380 метри, а овде во тек е изградба на тротоари. Исто така, околу 300 метри ќе се врши и реконструкција на улицата во центарот на Делчево, „Маршал Тито“, која ќе опфати и изградба на атмосферската канализација. Стартот на градежните работи на оваа улица ќе зависи од временските услови, а крајниот рок за финализирање на проектот е јуни наредната година.
Ново на Сител
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов
-
Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека