Заврши 58.издание на „Охридско лето“
Со изведба на театарската претстава „Илијада“ од Хомер, во режија на Јернеј Лоренци, а во копродукција на Словенечкиот народен театар – СНГ Драма Љубљана, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија, синоќа беше спуштена завесата на 58-то издание на фестивалот „Охридско лето“.
Изминатите 40 дена публиката имаше можност да види голем број музички настани и театарски претстави. Учествуваа околу 800 уметници од 27 земји од светот. На повеќе сцени настапија звучни имиња од земјава и странство, меѓу кои беа Николај Лугански, великан од пијанистичката фела, челистот Александар Књазев, виолинистот Сергеј Крилов, од Русија... Во драмскиот дел од програмата беа изведени театарските претстави „Во Агонија“ од Мирослав Крлежа, „Девојчето со жиците“, „Странци“ од Филипо Болоња, „Тоби“...
Директорката на „Охридско лето“, Сузана Вренцовска ова фестивалско издание го оцени како едно од најуспешните, нагласувајќи дека следните ќе бидат скалило погоре во однос на квалитет.
Селекторот на музичката програма Васо Ристов подвлече дека Охрид повторно беше вистинска културна метропола, која привлече бројни посетители како од Македонија така и од други земји. Драмскиот селектор Александар Поповски забележа дека публиката реагира на различни типови жанрови и за следната година најави учество на повеќе македонски театри.
Според статистиката, годинава има зголемување на продажбата на билети, а забележано е он лајн купување од повеќе земји.
Раководството на фестивалот за идната година планира бројни измени и подобрување на условите за уметниците и публиката, со заедничка забелешка дека на Охрид му треба концертна сала со што големите настани нема да зависат од временските услови.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава