Заврши 13. Интернационален фолклорен фестивал „Велес“ 2016
Со настап на домаќините од Фолклорниот ансамбл „Керамичар“ на сцената на амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес, синоќа заврши 13. Интернационелен фолклорен фестивал „Велес“ 2016.
Пред многубројната велешка публика која ги награди со долг и силен аплауз, синоќа на фестивалот свој настап имаа ИФА „Малешевци“ од Бугарија, АНИ „Хојем“ од Турција, ФА „Доина Бараганулуи“ од Романија, КУД „Бабо“ од Грција, РГ „Миетниовјаци“ од Полска и Ансамблот „Керамичар“ од Велес.
На фестивалот кој почна на 5-ти овој месец учествуваа 21 ансамбли од Македонија, Мексико, Србија, Црна Гора, Турција, Романија, Бугарија, Полска, Грција и македонски ансамбл од Австралија.
Воедно настапија и македонските ансамбли „Китка“ од Истибања“ „Бојмија“ од Гевгелија, „Ацо Ѓорчев“ од Неготино, Младинскиот клуб на Мажоретки од Скопје и Младинскиот црковен хор од Велес, како и велешките фолклорни ансамбли „Керамичар“ ,„Коле Неделковски „Вила Зора“ „Распеани велешани“ и „Распеани пензионери“.
Како што изјави Славчо Чадиев градоначалникот на Општина Велес, во својство на организатор, фестивалот се повеќе станува мост на пријателството на играорците кои амбасадори на се поголем број земји учеснички од од светот.
- Воедно фестивалот е многу значаен што преку народните игри и песни се презентира македонската култура и традиција во светот, рече Чадиев.
Ново на Сител
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома