Македонија
28. February 2022 - 16:33

Затворски и условни казни за обвинетите кои признаа вина во случајот ,,Титаник‘‘

Миле Јанакиевски 4 години и 6 месеци, Гордана Јанкуловска 2 години и 6 месеци, Мунир Пепиќ 1 а Коста Митревски 3 години-ова се обвинетите кои признаа вина во случајот Титаник  и добија затворски казни. За разлика од нив, Мартин Протуѓер, Билјана Бришковска , Катерина Веловска и Кире Тодоровкси добија условни од по  2 ако во следните 5 години не сторат ново кривично дело.

Поради опсност од бегството обвинителката Лиле Стефанова побара на Јанакиевски да му се опредени мерка куќен притвор,  на што реагираше одбраната.

Но образложението на одбраната очигледно не беше доволно за судијата Осман Шабани, кој сепак одлучи до правосилност на пресудата поранешниот министер за транспор  и врски да биде во куќен притвор.

За изборните нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегството 8те обивинети кои денеска ги слушнаа пресудите, на обвинутелна клупа остануваат уште 12 лица.