Затворот Гвантанамо ќе работи уште најмалку 25 години
Затворот Гвантанамо, во кој воглавно се наоѓаат затвореници обвинети дека учествувале во нападите од 11 септември, може да остане отворен уште најмалку 25 години.
- Мораме да обезбедиме комплексот да може да работи уште 25 години, изјави Џон Ринг, адмирал кој управува со тој контрoверзен затвор.
По указот од претседателот Доналд Трамп за одржување на тој затвор во функција, „ни рекоа дека ќе бидеме таму 25 години или повеќе“, додаде тој за време на посета на новинари организиранa од американската армија.
Посетата на Гвантанамо беше да се покаже хуманото однесување кон затворениците. Американскиот претседател потпиша указ со кој се наредува Пентагон да го задржи отворен затворскиот комплекс Гвантанамо Беј.
- Непосредно по тоа Пентагон ни испрати допис во кој велат: Бидете подготвени да останете отворени 25 години или подолго, нагласи адмиралот Ринг. Гвантанамо е отворен 2002 година по апсењето на првите џихадисти во рамки на американската интервенција во Авганистан, по нападите од 11 септември 2011 година.
Ново на Сител
-
Франција планира европска „иницијатива“ за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел
-
Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран
-
Израел пред празни трибини на Европската златна лига во Струмица
-
Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор