-->
-->
Затворени три дискотеки бидејќи не ги исполнувале условите - „Ќе им бидат изречени сите максимални казни", вели Митева
-->
Марија Митева, портпаролката на Владата, денеска информираше дека од 22те дискотеки и кабариња кои имале важечка лиценца, три се се затворени бидејќи не ги исполнувале условите.
Таа додаде дека во моментов се прават контроли во уште девет дискотеки кои имаат добиено лиценци.
„На трите дискотеки ќе им биде одземена лиценцата и ќе им бидат изречени сите максимални казни. Откако ќе завршат проверките на оние кои имаат лиценци, ќе се премине во контрола на сите оние кои немаат лиценца, но во минатото работеле“, рече Митева.
Инаку, при контрола на Државниот пазарен инспекторат утврдено беше дека само 22 дискотеки низ државата имаат лиценци за работа. Кај 15 клубови констатирано е дека лиценцата им е истечена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски