Затворени 19 угостителски објекти и приведени 26 лица при контроли во Тетово и Гостивар
Приведени се 26 лица, а издадени се забрани за работа на 19 угостителски објекти во Тетово и Гостивар при контрола што ја спровеле ноќеска полицијата, УЈП и Државниот пазарен инспекторат во 31 објект во овие подрачја. Акција е спроведена и на подрачјето на СВР Битола, но не се констатирани посериозни прекршувања на законите. На подрачјето на СВР Велес, пак, при алкотестирање на 232 возачи, е утврдено присуство на алкохол кај 29.
- За време на контролата се приведени 26 лица, 16 македонски државјани поради поседување наркотична дрога и непоседување документи за лична идентификација и 10 странски државјанки, девет од Србија и една од Црна Гора поради злоупотреба на туристички престој и нерегулиран престој во РМ, изјави денеска Лазе Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност.
Забраните за вршење дејност се во траење од 15, односно 30 дена, за непоседување фискален апарат и неиздавање фискална сметка, но и заради вршење угостителска дејност без регистрација.
Ново на Сител
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска