Македонија
23. јуни 2016 - 11:36

Затворена 15. меѓународна ликовна колонија „Аполонија 2016“

Во Гевгелија денеска заврши со работа јубилејното 15-то издание на меѓународната ликовна колонија „Аполонија 2016“ во чија работа годинава учествуваа осум ликовни уметници од Србија, Бугарија, Македонија и за прв пат од Грција.

- Изминативе десет дена, на теми по сопствен избор, учесниците на колонијата изработија по две дела кои традиционално стануваат дел од богатиот фонд на ликовната колонија, информира Аце Ристовски, директор на фондацијата „Аполонија“.

Сите изработени дела, нагласи Ристовски, ќе и бидат презентирани и на јавноста преку изложбата која ќе биде отворена утре и ќе трае десетина дена.

Под покровителство на општина Гевгелија, организатор на годинашнава сесија на гевгелиската ликовна колонија беше фондацијата „Аполонија“.