Затворен угостителски објект во тетовско, затекнати дрога и близу 100 лица
На 28.12.2020 во 23.45 ч. полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и интервентната полиција при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат по претходно добиени сознанија извриле контрола во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово-с.Желино и констатирале дека објектот работи спротивно на законот односно мерките за справување со коронавирусот.
При извршената контрола во објектот биле затекнати 94 лица од кои 73 гости, а биле затекнати и 17 државјанки на Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Молдавија. Исто така, при извршената контрола пронајдена е марихуана и метадон при што лишени од слобода се две лица против кои ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ. Против 17 лица ќе биде поднесена соодветна пријава по чл. 418а од КЗ, а против сопственикот на локалот ќе биде поднесена пријава по чл. 206 од КЗ. Исто така изречени се и три санкции за неносење на лична карта и лицата се приведени во СВР Тетово со цел утврдување на идентитет.
При контрола на локалот во посебно изработени рафтови со бројки биле пронајдени пари.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е пломбиран и има забрана за вршење на дејност со времетраење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче