Затворен угостителски објект во Никуштак поради непочитување на рестриктивните мерки
Полициски службеници од СВР Куманово, во координација со Државниот пазарен инспекторат, вчера во периодот од 17.30 до 20.00 часот, извршиле контрола на 36 угостителски објекти на териториите на општините Куманово и Липково, во врска со почитување на одлуките на Владата на Република Македонија за работното време, како и држење дистанца, точење алкохол на малолетници и други прекршоци.
– При извршената контрола во 17.30 часот, во угостителски објект во село Никуштак, општина Липково, сопственост на А.Р.(29) од с.Никуштак, на една маса биле затекнати повеќе лица од дозволеното, односно од страна на угостителот не е почитуван протоколот од Уредбата на Владата за спречување на ширењето на Ковид 19. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил привремено затворен, соопшти денеска МВР.
Ново на Сител
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај