Loading Video...
Свет
10. July 2020 - 19:38

Затворање на угостителските и трговските објекти од 21 до 6 часот наутро - ова е една мерките кои ги воведе српската Влада

Затворање на угостителските и трговските објекти од 21 до 6 часот наутро, како и забрана за групирање на повеќе од 10 лица на отворен и ограничен број граѓани во затворен простор - ова се мерките кои ги воведе српската Влада, а кои во Белград стапуваат на сила од утре. Засега нема нови мерки во другите градови. Премиерката Ана Брнабиќ рече дека не сака да има полициски час, но ако нема позитивни резултати ќе мора да воведат рестриктивни мерки. Брнабиќ, додаде и дека ова е најлош ден за Србија. Само во Нови Пазар починале 10 лица од Ковид 19.

Од друга страна, пак, продолжуваат протестите во главниот град. По дводневото насилство, третиот ден од протестите помина релативно мирно.

Врховниот суд во Турција одлучи - музејот Аја Софија ќе стане џамија. Тоа значи дека со оваа одлука на судот, се поништува претходната од 1934 година, кога црквата Света Софија беше прогласена за музеј, по предлог на тогашната власт, предводена од Кемал Ататурк.

Претходно,шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу изјави дека статусот на Света Софија е прашање на националниот суверенитет.

На идејата на турските власти музејот да се пренамени во џамија, веќе реагираа Русија и Сад.

Црквата Света Софија е осветена  во 537 година. Подоцна била претворена во  џамија за време на Отоманската Империја, а во 1935 година станала музеј. Аја Софија е под заштита на Унеско, од каде посочија дека ќе следува ревизија на статутот на објектот.