Затекнатите граѓани во Дебар вратени од Бошков Мост, не биле тестирани
Според последните информации од Оператвниот штаб на Дебар, лицата кои беа затекнати во Дебар, на денот на прогласувањето на кризната состојба, поради коронавирусот, а денеска требаше да го напуштат градот вратени се назад од контролниот пункт кај Бошков Мост.
Лицата се вратени назад попладнево поради тоа што имале само потврда од епидемиолог дека се здрави, а не биле тестирани за коронавирус.
На пунктот е побарано да се почитува мерката на Владата што подразбира по поминатите 14 дена во карантин неопходно да им се земе брис, односно да им се направи тестирање.
– Споменатите лица повторно се сместени во хотелските капацитети на „Дебарски Бањи-Цапа“ каде беа изминатите две недели. Планираме да бидат тестирани во текот на утрешниот ден, рече градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи со Оперативниот штаб.
Станува збор за 114 лица од неколку градови на земјава, пред се од подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше, како и од Косово, Србија, Бугарија и Шведска.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност