Заталкан куршум завршил во соба во Врапчиште, повредени нема
Заталкан куршум завршил во детска соба во куќа во гостиварското село Врапчиште. За среќа во куќата немало никој и освен оштетувања на инвентар нема повредени.
Според Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово, случајот во полиција го пријавил Е.Ј. (68) од Врапчиште. По извршениот увид било утврдено дека дека во периодот од 3-ти до 5-ти овој месец, заталкан куршум од огнено оружје причинил оштетување во куќата на М.С. (39) од Врапчиште. Проектилот поминал низ ролетната од вратата на детската соба во приземјето, удрил во ѕидот и паднал на подот во ходникот.
- Нема повредени, зашто во куќата на чиј сопственик е времено вработен во странство немало никој. Вкупната материјална штета се проценува на 20 илјади денари, Проектилот е подигнат за вештачење и се работи на расветлување на сите поединости поврзани со пријавеното-кој, кога и зошто пукал, изјави Јосифоски.
Од почетокот на годинава, на гостиварското подрачје регистрирани се 11 случаи на заталкани куршуми. Во еден, животот го загуби малолетник, а две лица поминаа со повреди. Во преостаните осум случаи предизвикана е штета врз автомобили и домашен инвентар.
Ново на Сител
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода