Македонија
17. November 2019 - 17:14

Засилени партиски активности на власта и опозицијата - Мицкоски: Нема да има предолго останување на функција - Заев: СДСМ ќе има на изборите 50% жени

На следните изборни листи на СДСМ 50 отсто од кандидатите ќе бидат жени – вети партискиот претседател Заев на трибината пред Форумот на жени.

Морален кодекс со 10 принципи кои мора да ги почитуваат идните функцинери на ВМРО-ДПМНЕ промовираше пак, лидерот на опозциската партија Христијан МИцкоски.

Власта и опозицијата ги искористија редовните партиски настани – Форумот на жени на СДСМ и годишната конференција на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ како дел од предизборните активности за изборите в година.

Лидерот на СДСМ пред жените ги промовираше досегашните владини проекти за минимална плата, покачувањето на платите во повеќе сектори, но и успешната надворешна политика. Вели дека Владата која ја води две ипол години промовира прогресивни политики и еднаквост особено во родовата политика и дека така ќе се продолжи и понтаму.

Мицкоски пак, вети отчетност на идните министри пред граѓаните со обиколка на државата, потоа дека нема да може да се биде функцинер долго време, ниту пак, истовремено да се врши државничка функција и да се има бизнис. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вети поефикасна администрација ослободена од стеги и реваншизам, реални економски политики.

И Заев и Мицкоски веруваат во изборна победа на 12 април, а најавија продолжување на нивните предизборни активности - владејачките трибини „на прав пат“ и опозициските средби „за обнова на Македонија“.