Македонија
3. March 2021 - 20:06

Засега нема потврдена јужноафриканска мутација во земјава

МАНУ детектираше британски сој на корона вирусот кај еден од пациентите кои патувале во Занзибар.Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа и на вториот пациент од Битола.Сопружниците кои биле на одмор симптомите ги почуствувале по враќањето во земјава и со позитивни корона тестови 65 годишниот битолчанец е хоспитализиран во струшката болница за Нефрологија додека неговата сопруга е на болничко лекување во 8 ми септември во Скопје.

Попоски потенцира дека пациентот во струшка дијализа бил препратен од битолската болница без да има кажат дека бил 15 дена на патување во Занзибар.Иако имал бубрежни оштетувања состојбата во овој момент му е стабилна и е изолиран во посебна болничка соба .

Од Комисијата за заразни бoлести најавија дека ќе  предложат задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји. До овој момент во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно актуелната епидемиолошка слика не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот.