Loading Video...
Спорт плус
18. March 2020 - 14:39

Засега нема одложување на Олимписките игри во Токио

Интернационалниот Омлимписки Комитет (ИОК) засега нема да ги одложува Олимписките игри во Токио што треба да се одржат летово. 
 
Иако Европската Фудбалска Федерација, вчера донесе одлука континенталното фудбалско првенство што требаше да се одржи летово, се пролонгира за една година, таков не е случајот со Олимпијадата во Токио. 
 
Ова е заклучокот на ИОК, кој препорачува Локалниот Организациски Комитет на градот домаќин Токио, да се продолжи со подготовките за игрите според предвидената динамика.
 
„На четири месеци до почеток на игрите сметме дека нема потреба од донесување на драстични одлуки во моментов. ИОК ги охрабрува спортистите да продолжат со подготовките. Секоја шпекулација е контрапродуктивна, наша цел е да се однесуваме како ОИ во Токио да ќе почнат во предвидениот рок и да бидеме подготвени за нивно беспрекорно одржување“,  истакнуваат од ИОК. 
 
Домаќините, се со цврст став дека се подготвени за беспрекорна организација, но и напоменуваат дека пресудно ќе биде дали пандемијата ќе заврши до крајот на месеци мај, со што спортистите би можеле без проблем да ја одработат последната фаза од подготовките, а потоа и да заминат за Токио.
 
Денеска на мини свечен начин на југот на Јапонија беше дочекан факелот со олимпискиот оган кој допатува од Грција, а кој според предвиденото патот низ Јапонија треба да го започне на 26 март од Фукушима. 
 
Но, остаува отворено прашањето на кој начин ќе организира тоа. 
 
Најголемиот светски спортски настан, Олимписките игри во Токио, треба да се одржат од 24 јули до 9 август летово, но дури 70% од локалното население смета дека Игрите нема да започнат според планираното