Зариф: Обвинувањата од САД се излитени
Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф денеска обвинувањата од САД дека Техеран се обидува да дојде до нуклеарно оружје со цел да „се закани на регионот и светот“ ги нарече „излитени“.
- Излитените обвинувања на САД не можат да го замаскираат нивното признавање дека Иран го почитува договорот од 2015 година, напиша Зариф на Твитер.
Тој додаде дека САД треба да ги исполнат своите обврски од Договорот, а не да ја обвинуваат Исламскла Република Иран.
Претходно, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го обвини Иран за алармантни провокации кои ги дестабилизираат блискоисточните држави и ги потткопуваат интересите на САД во Сирија, во Ирак и во Либан.
- Неконтролираниот Иран има потенцијал да се движи по истиот пат како Северна Кореја и да го поведе светот со себе. Сеопфатната политика кон Иран бара се обрне внимание на сите закани што ги претставува Иран, а јасно е дека се многу, посочи Тилерсон.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка