Заработете 16.000 евра за два месеца лежејќи
Францускиот Институт за вселенска медицина и физиологија во Тулуз (МЕДЕС) е во потрага по доброволци, мажи, кои би минале 60 дена в кревет не правејќи ништо освен своите физиолошки потреби, и за таа „задача" би добиле 16.000 евра.
Условите за кандидатите се едноставни: да бидат на возраст помеѓу 24 и 45 години, непушачи, да имаат индекс на телесна маса (БМИ) помеѓу 22 и 27, и да немаат алергии.
Во научниот експеримент на МЕДЕС, којшто се занимава со ефектите на микрогравитацијата врз телото на астронаутите, има места за 24 мажи. Од нив се очекува само да јадат, пијат, да се капат и да ги обавуваат своите физиолошки потреби во креветот.
По експериментот, учесниците уште две недели ќе престојуваат во Институтот, заради програмата за опоравување, каде ќе бидат подложени на серија дополнителни тестови кои би требало да посочат на евентуални негативни ефекти од бестежинската положба на човековото тело.
Ново на Сител
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-
Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош
-
Тошковски: Дозволи за оружје се делеле незаконито, отказ за 15 високи полициски функционери
-
Доживеал паничен напад, сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за Вања и Панче
-
Трамп вети силна војска и крај на војните
-
Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија
-
Лига на нации: Македонија ја совлада Летонија и обезбеди пласман во Лига „Б“
-
Во Хрватска во тек се апсења и спроведување на итни доказни дејствија