Свет
11. May 2022 - 16:35

Запрен транзитот на руски гас преку регионот Луганск

Прекина испораката на руски гас преку рутата Сохрановка за која важи дека испорачува речиси третина од горивото што доаѓа од Русија до Европа низ Украина. Властите во Киев ја обвинуваат Русија за потегот и најавија дека ќе го пренасочат гасот на друго место. Овој дел од гасоводот минува низ украинската област Луганск каде што се водат интензивни борби меѓу двете страни.

Гаспром пак тврди дека од руска страна нема никакви препреки за запирање на испорака на гас за Украина.

Тие информираат дека украинската страна претходно им соопштила дека ваквата одлука била донесена поради околности предизвикани од виша сила. 

- Гаспром ќе достави руски гас во износ од 72 милиони кубни метри за транзит низ територијата на Украина на 11 март, изјави денеска портпаролот на компанијата, Сергеј Купријанов.  

Бугарија ќе добие американски течен природен гас откако руски Гаспром го прекина снабдувањето, соопшти бугарската Влада. Аранжманот бил договорен на средбата помеѓу премиерот Кирил Петов и американската потпретседателка Камала Харис во Вашингтон. 

Вистинските испораки на течен природен гас за Бугарија по цени пониски од оние на Гаспром се договорени од јуни, се вели во соопштението на бугарската влада. 

На 27 април Гаспром ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска затоа што одбија да платат во рубљи.