-->
-->
Започнува „Ф-4’’ во кошаркарската Евролига
-->
Во Берлин, денеска и во недела ќе се играат завршните натпревари од кошаркарската Евролига.
Па популарниот „Фајнал-фор’’ турнир Русија сигурно ќе има финалист. Имено, екипите на ЦСКА Моксва и Локомотив Кубан го сочинуваат првиот полуфинален пар. Руската пресметка за финалето ќе започне од 18 часот.
Во вечерниот термин од 21 часот ќе играат истанбулски Фенербахче и шпанската екипа Лаборал.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ кој ги брани боите на турскиот тим по трет пат ќе игра на завршницата, а со екипата предводена од српскиот тренер Жељко Обрадовиќ кој е најтрофејниот во историјата на ова натпреварување, Антиќ се се обиде да стигне до третиот трофеј, откако со Олимпијаксо во два наврати ја освојуваше неофицијалната Лига на шампиони, односно Евролигата.
Натпреварите за 3.место и големото финале ќе се играат во недела, и тоа „малото-финале’’ е во терминот од 17 часот, а дуелот за шампионскиот трофеј ќе започне од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата