Започна жетвата на јачменот во Кочанско
Во Кочанско започна жетвата на житните култури. Земјоделците од селата Тркање, Бање, Соколарци и Спанчево ги ожнеаја првите површини под јачмен, кои во кочанскиот регион се застапени на површина од 3.336 хектари.
Приносите, како што истакнуваат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани, се под очекувањата, пред се поради пролетните мразеви.
Под житни култури во Кочанско се насеани 6.606 хектари од кои пченицата е засеана на 3.085 хектари, ржта на 110 хектари, овесот на 25 хектари и другите житни култури на површина од 20 хектари.
Земјоделците годинава очекуваат намалени приноси и кај пченицата за 20 до 30 проценти, што е резултат на лошите временски услови посебно во зимскиот сушен период во регионот.
Жетвата на пченицата се очекува да започне за неколку дена за што ќе бидат вклучени десетина приватни комбајни и останата механизација. Одгледувачите на пченица од Кочанскиот производен регион очекуваат зголемена цена на лебното жито при откупот.
Ново на Сител
-
Со докази од Скај комуникација откриен шверц на кокаин
-
Приведен 42-годишен затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово
-
Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат
-
Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици
-
Царината заплени над пет илјади фалсификувани „Ејпл“ маски за телефон
-
МВР распиша оглас за 150 полицајци
-
НБ: Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА
-
Приведен возач од Гевгелија, возел со 99 км на час на место каде е довзолено 40 км на час