Започна меморијалниот марш во спомен на загинатите во сообрќајната несреќа кај Ласкарци
Стотина лица утрово околу 6 часот го започнаа меморијалниот марш од скопското село Ласкарци, каде пред една година се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 16, а беа повредени 35 лица.
Пред почетокот на маршот беа пуштени лантерни (книжени балони со свеќи) со што им се оддаде почит на загинатите.
Иницијативата за граѓанскиот марш ја покренаа група планинари и е поддржана од општина Гостивар. Според предвиденото, маршрутата е долга 55 километри.
-Покрај сеќавање на жртвите во трагедијата, со овој марш сакаме да испратиме порака до надлежните државни институции да ги преземат сите неопходни мерки за поголема безбедност во патниот сообраќај и упатуваме апел до надлежните институции до крај да го расчистат овој случај и да се дознаат причините кои доведоа до трагедијата, порача градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари од местото каде што започна маршот.
Маршот предвидено е да заврши на градскиот плоштад во Гостивар во поладневните часови.
На 13 февруари 2019 година, во попладневните часови во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, од коловозот излета автобус на компанијата „Дурмо Турс“ кој превезуваше патници на редовна линија од Скопје кон Гостивар.
Во несреќата животите ги загубија: Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Дејан Ристоски, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Арсе Арсоски и Ерза Османи Јовица, Трпевски, Бесим Фетаи, Бејза Узеири, Зоран Давидовски и Павле Костоски.
Во тек е судски процес, во кој за несреќата осомничени се седум лица, од кои шест лица за „тешки дела против безбедноста и луѓето во имотот и сообраќајот“, а седмиот е обвинет за „несовесно работење во службата“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација