Македонија
17. December 2021 - 12:43

Запленети над 3000 парчиња пиротехнички средства, приведено лице од Охрид

На 16.12.2021 во 11.10 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Р.Л.(21) од Охрид. При извршена контрола и преглед на неговото возило „oпел комбо“, полициски службеници пронашле и одзеле 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства - петарди. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.