Македонија
1. January 2022 - 13:40

Запленети 4.400 парчиња пиротехнички средства, приведен стружанец

Вчера, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.М.(47), од струшкото село Лабуништа.

Притоа, полициските службеници од ОВР Струга, пронашле и одзеле 4.400 парчиња пиротехнички средства – петарди што неовластено ги поседувал.

Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.