-->
-->
Запленети 24 килограми марихуанана на ГП Табановце
-->
Царинските службеници од граничниот премин Табановце вчера спречија обид за шверц на 24 килограми марихуана.
На 12 октомври 2016 годинa (среда), околу 22:45 часот на излез од Македонија на граничен премин Табановце се пријави патничко моторно возило со шведски регистарски таблици управувано од албански државјанин со иницијали А. Г. На прашање од царинскиот службеник дали има нешто да пријави, лицето одговори дека нема ништо за пријавување, но и покрај тоа царинскиот службеник започна со контрола на возилото и личен претрес на лицето. При прегледот, царинскиот службеник забележал дека на подот од возилото има специјално направен бункер, каде се пронајдени 47 паковки наполнети со зелена тревкаста материја со тежина од околу 24 килограми. По извршеното тестирање со тестер за дрога, утврдено е дека станува збор за марихуана.

Од спроведената предистражна постапка од страна на инспекторите од Одделението за истраги,собрани се докази кои укажуваат дека осомиченото лице поради нерасчистени финансиски долгови кон друго лице државјанин на Албанија, се согласило со своето возило да пренесе 24 килограми марихуана од Албанија за Шведска. Марихуаната била сокриена од страна на нарачателот на транспортот во специјално направениот бункер во возилото и предадено на осомничениот за да ја пренесе до западно-европскиот пазар.
Во тек е вештачење на дрогата по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Куманово. По комлетирање на сите докази Царинската управа против сторителот, ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде предаден на надлежен судија на претходна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска