Македонија
31. December 2023 - 18:46

Запленети 21524 пиротехнички средства на Бит Пазар, приведено едно лице | ФОТО

Денеска (31.12.2023) во 14.30 часот  на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.А. (33) од Скопје, кој е затекнат како на импровизирана тезга продавал поголема количина на разновидни пиротехнички средства.

'При тоа пронајдени и одземени се 21524 пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.