Македонија
13. September 2021 - 21:32

Запленета дрога вредна 70.000 евра, приведени три лица

Полицијата денеска во дебарско пресече меѓународен транспорт на дрога и заплени марихуана вредна околу 70.000 евра, дознава МИА од извори во истрагата.

Според истите извори, приведени се три лица.

Од МВР потврдуваат дека имало акција, но детали најавуваат за утре.