Македонија
13. November 2020 - 14:15

Запалени стрништа пеплосаа овоштарник и 3.000 бали со детелина во штипскиот и кочанскиот регион

По завршување на жетвата на оризот почна и палењето на стрништата во кочанскиот и штипскиот регион. Штети веќе имаат претрпено двајца земјоделци во кпчанско и штипско село.

Според извештаите на Територијалните противпожарни единици и на СВР-Штип вчера 62 годишната  М.И од Кочани пријавила дека на местото наречено „Долна лака“ во атарот на село Теранци  настанал пожар на нива во сопственост на И.М. што се проширил и го зафатил нејзиниот овоштарник со ореви, при што биле опожарени 15 дрвца.

Увид на местото извршиле  екипа на ОВР Кочани, инспектори по земјоделие и пожари. Истиот ден од страна на штипската Територијалната противпожарна единица  било пријавено дека  на место наречено „Аеродром“  во атарот на село  Парналија, настанал пожар при што биле опожарени околу 3000 бали со детелина сопственост на С.Ф. од село Парналија.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица. Полицијата работи на рсчистување и го бара виновникот за овој пожар.