Македонија
5. September 2019 - 11:34

Запалени и уништени пластични контејнери во центарот на Радовиш

Два пластични контејнера поставени во центарот на Радовиш се запалени и целосно уништени, информираат од ЈП „Плаваја“.

– Во период од две недели повторно на истото место, пред стоковната куќа, утрово во 3 часот се запалени и уништени комплетно преостанатите два пластични контејнери, известуваат од радовишкото комунално претпријатие.

Поради зачестеното уништување на пластините контејнери од ЈП „Плаваја“ велат дека ќе ги повлечат преостанатите од сите локации каде се поставени за да се заштитат од понатамошни финансиски штети.

Додаваат дека за настанот е известена полицијата и бараат да се пронајдат сторителите, кои нанесуваат ненадоместлива штета на претпријатието и на сите граѓани на општината