Свет
11. November 2019 - 11:35

Запален маж во Хонгконг

Еден маж беше запален во Хонконг, каде полицијата претходно пукаше во демонстрантите за време на ескалацијата на антивладините протести.

Човекот кој е запален, примен е во болница во критична состојба.

Објавена е видео-снимка на која се гледа како тој маж се расправа со група млади луѓе, пред некој да го полее со запалива течност и да го запали, пренесе АП.

Според медиумите, неидентификуваниот и невооружен маж извикувал „Вие не сте Кинези“ пред да го запалат.

Претходно се појави друга снимка на која се гледа како полицаец пука ви 21-годишно момче при судир на полицијата со демонстрантите.

Момчето е во болница во критична состојба, иако полицијата вели дека по операцијата не е во животна опасност.

Се очекува насилството дополнително да ескалира откако еден студент во петокот почина од порано здобиените повреди, а полицијата во текот на викендот уапси шест опозициски пратеници.

Следи вознемирувачко видео: