Loading Video...
Свет
18. March 2023 - 16:32

Западниот свет задоволен од одлуката на меѓународниот суд во Хаг да издаде налог за апсење на Путин

Западниот свет задоволен од одлуката на меѓународниот суд во Хаг да издаде налог за апсење на Путин поради наводни воени злосторства.

„Мислам дека е оправдано. Но прашањето е што судот не е признаен меѓународно, дури ни од нас. Но сепак мислам дека има силна поента. Јасно е дека тој има сторено воени злосторства“, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

„Немам што да додадам. Никој не е над законот. Тоа е важен столб на меѓународното право, истакна германскиот канцелар Олаф Шолц.

Русија не ја признава јурисдицикцијата на овој меѓународен кривичен суд која важи во 123 земји во светот меѓу кои и во Македонија. Тоа значи дека ако Путин се појави во земјава, македонските власти ќе бидат должни да го приведат.