Замина уште една филмска легенда, почина познатиот српски актер
Легендарниот српски глумец Љубиша Самарџиќ - Смоки почина по тешко боледување на 80-годишна возраст во Белград.
На почетокот на годинава тој беше опериран од тумор на мозок, а подоцна состојбата му се влошила поради лимфоцитна леукемија, од која боледувал подолго време.
Самарџиќ е роден на 19 ноември 1936 година, а неговиот талент за глума бил откриен многу рано.
Првата своја улога ја остварил во филмот „Игри на скелиња“. Во својата кариера вкупно остварил 130 телевизиски и филмски улоги.
Прекарот „Смоки“ го добил благодарејќи на истоимениот лик кој го играл во филмот „Песочен град“ во 1963 година.
Меѓу најзабележителните улоги на легендата на југословенската и српската кинематографија се филмовите „Битка на Неретва“, „Бомбаши“, „Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ“, „Луди години“, „Работа на одредено време“, „Мој татко на одредено време“, „Не е лесно со мажите“, „Магарешки години“, „Убиство се предумисла“, „Наташа“....
Во богатата телевизиска кариера Самарџиќ играл во сериите „Топол ветер“, „Враќање на отпишаните“, „Каде одат дивите свињи“, „Подобар живот“, „Полицаецот од Петлово брдо“, „Есента доаѓа, дуњо моја“....
Последната улога која ја оствари беше во серијата „Мирисот на дождот на Балканот“ во 2011 година, која ја и режирал.
Ново на Сител
-
Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага
-
При изведување градежни работи, пронајдени 145 артилериски гранати во Битола
-
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации