Заменик-претседателот на Шведскиот парламент во посета на Македонија
Заменик-спикерот на Парламентот на Кралството Шведска (Риксдаг) Есабел Дингисиан од денеска до 19 јули на покана на Македонското собрание ќе престојува во посета на Република Македонија.
Според најавата на веб-страницата на Собранието, Дингисиан ќе има средби со Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието, со пратеничката група од Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Кралството Шведска и со Даниела Рангелова, претседател на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Предвидено е заменик претседателката на Парламентот на Шведска да се обрати на седницата на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Според соопштението од Шведската амбасада, Дингисиан ќе се обрати на отворената седница на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените и ќе ги сподели своите гледишта за важноста на инкорпорирањето на родовите прашања во работата на оваа институција.
- Родовата еднаквост е неопходен предуслов за демократскиот развој. Затоа е важно Собранието, како централна институција во демократското уредување, да го има ова прашање високо на својата агенда и во својата работа, вели Дингисиан, се посочува во соопштението.
Прашањето на еднаквоста општо и родовата еднаквост поконкретно, како и прашањето на еднаквите можности се високо на листата на приоритети на шведската надворешна политика.
Есабел Дингисиан е член на Шведскиот парламент од 2006 година и доаѓа од редовите на Зелената партија. Таа активно работи на унапредување на еколошката агенда, и во тој контекст и на зелена и одржлива иновација. Дингисиан, исто така, е и трет заменик спикер на Шведскиот парламент и како дел од тој мандат работи на родовите прашања во Шведскиот парламент.
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари