Бизнис
4. March 2016 - 8:31

Заменик-министерот Костадиновски во посета на Градско

Заменик минстерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска  ќе оствари работна посета на општина Градско.

Тој ќе го посети земјоделскиот комбинат „Вардар“ и компанијата „АГРИА“ каде што со менаџерскиот тим ќе разговара за можностите и проектите кои ги нуди Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развој на агросекторот.

Костадиновски ќе има средба со жителите на село Водоврати, село Виничани, и село Ногаевци.