Заменик амбасадорот на ОБСЕ во посета на Кичево
Заменик амбасадорот на ОБСЕ, Џеф Голстајн денеска во Кичево се сретна со Претседателството на Младинскиот локален совет и со претставници на гимназиите „Мирко Милески“ и „Дрита“.
Тој се интересираше за меѓуетничките односи во овој град имајќи предвид дека тука живеат граѓани од различни етникуми. Од страна на младите, Голстајн беше информиран дека во Кичево нема меѓуетнички проблеми, иако во средните училишта учат Македонци, Албанци, Турци, Роми итн.
Младинскиот локален совет го запозна амбасадорот Голстајн и со анкетата што ја спровеле и изразија загриженост бидејќи резултатите покажале дека 93 проценти од анкетираните млади одговориле дека сакаат да ја напуштат државата.
Заменик амбасадорот ОБСЕ, Голстајн по средбата изрази задоволство што ситуацијата во Кичево е стабилна. - Позитивен е фактот дека тука ситуацијата е многу стабилна, независно од ситуацијата во Скопје, рече Голстајн.
Одговарајќи на новинарски прашања за политичката ситуација во Македонија, Голстајн рече дека генералниот секретар на ОБСЕ упатил јасна порака дека треба да се надминат тесно-партиските интереси и да се работи за доброто на сите граѓани, посебно за младите.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата