Залихите на нафта се очекува да паднат, цената се зголеми на 76 долари
Цените на нафтата денеска се зголемија на меѓународните пазари на 76 американски долари, поддржани од тесните залихи и очекувањата за намалување на залихите во САД и светот.
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 41 цент во споредба со претходното затворање, на 75,57 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 28 центи повисоко, на 74,38 долари.
Во фокусот на трговците на мало се залихите во САД и светот, со оглед на зголемената побарувачка на енергија за време на летните одмори и укинувањето на пандемиските ограничувања.
Аналитичарите проценуваат дека залихите на сурова нафта во САД минатата недела паднаа осма недела по ред, а најверојатно ќе опаѓаат и залихите на бензин.
Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) процени денеска дека залихите на нафта во третиот квартал ќе се намалат најмногу во последните десет години, наведувајќи го остриот пад во јуни во САД, Европа и Јапонија.
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија