-->
-->
Заков: Загарантирана е безбедноста на Бугарија во Црно Море
-->
Новиот бугарски министер за одбрана Драгомир Заков откако положи заклетва истакна дека доколку има потреба силите на НАТО може да бидат стационирани на бугарска територија, но под одредени услови, јави дописникот на МИА од Софија.
– Бугарија е членка на НАТО и зборот НАТО не е валкан збор. Доколку е потребно, претпоставувам дека сите Вие би се чувствувале побезбедни доколку треба да дојдат силите на НАТО, но тоа ќе се направи по одредена процедура, истакна Заков.
Тој додаде дека е загарантирана безбедноста на Бугарија на црноморската граница.
– НАТО веќе ги активира плановите за одговор. Црното Море е дел од оваа област на одговорност на НАТО, така што можете да бидете апсолутно сигурни дека Црното Море е безбедно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче до Мицкоски: Вашиот ’рбет се свитка, а вашите принципи паднаа
-
Претседателот на Украина го разреши главниот обвинител поради злоупотреби во институциите
-
Мелони добила смртни закани заради договорот за мигранти со Албанија
-
Крива Паланка доби прв парк за миленици
-
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Оперативно-техничката агенција
-
Турција: Градоначалник од опозицијата уапсен поради наводни врски со терористи
-
Според извештајот на ОН: Светот се движи кон двојно повисоко глобално затоплување од целта
-
Ван Нистелрој: Ќе му помагам на Манчестер jунајтед се додека е потребно