Законот за земјоделско осигурување влегува во владина процедура
Законот за земјоделско осигурување е готов и влегува во владина процедура, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Николовски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека вчера се завршени финалните консултации со министерот за финансии и дека е дефиниран моделот.
- Преку овој закон за земјоделско осигурување овозможуваме земјоделците да ја вратат довербата во компаниите со цел максимално да се осигуруваат земјоделските посеви. Поразителни се бројките за користењето на мерката од Програмата за рурален развој. Околу три проценти од земјоделците го осигуруваат своето производство. Тоа е заради тоа што е изгубена довербата во компаниите. Направивме нов закон и верувам дека Парламентот ќе го усвои овој закон и дека ќе воведеме една нова реформа во земјоделското осогурување што ќе биде уште поголем мотив за земјоделците кога ќе настанат штети да добијат обештетување, рече Николовски.
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи Гоце Трајковски
-
Авион со 10 луѓе исчезна на Алјаска, потрагата е во тек
-
МВР: Дојавите за бомби во училиштата се лажни
-
Мицотакис денеска на Санторини – продолжуваат земјотресите на островот
-
Без струја утре дел од општина Центар
-
Мицкоски ќе присуствува на доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес
-
Му се слошило на роденден на својата ќерка, почина Игор Југ
-
Утрово најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија