Законот за јазици ќе чека до март
Најверојатно во март ќе се одржи подготвителната седница на Уставниот суд на која ќе се разгледуваат оспорените членови од Законот за употреба на јазиците. Претходно Уставен го очекува и советот од Венецијанската комисија.
Уставните судии веќе се пожалија дека трпат притисоци. Претседателот на Уставен вчера рече дека политиката треба да ги тргне рацете од судот
Уставниот суд на Северна Македонија во средата одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.
На седницата не присуствуваа судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари, а откако не беше прифатен предлогот на судијата Фатмир Скендер точката со иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците да се одложи поради отсуството на двајцата судии, тој исто така ја напушти седницата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид