Заклучен Избирачкиот список, право на глас имаат 1.814.263 граѓани
Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.
Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки списоци се запишани 83.054 гласачи. Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.
Во Избирачкиот список се содржани и лицата кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години, како и сите наши државјани кои доколку допатуваат во земјата на денот на гласање ќе можат да гласаат. Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош. Најмногу гласачи има во Куманово, над 90 илјади.
На 13 јули гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните, кои за гласање можат да достават барање до ОИК најдоцна до 8 јули на полноќ. Позитивните на Ковид-19 тоа треба да го направат со полномошник.
На 90 избирачки места во нашата држава има помалку од 10 гласачи и според Избирнот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место. Во Македонски брод и 11 такви избираки места, во Пробиштип 7, во Прилеп 13 и други.
Ново на Сител
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело