Македонија
16. November 2022 - 16:45

Заканувачот смени тактика: 15.000 евра за да не загинат средношколците

Дојави за бомби повторно испразнија 7 скопски средни училишта. Заканувачот во пораката барал откуп од 15 илјади евра. Во спротивно ќе експлодираат бомби кои нема да направат штета, ама ќе има многу жртви, стои во меилот. Притоа не е наведено ниту кој, ниту кому треба да ја изврши исплатата. Ваква закана добиле „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Панче Караѓозов“, „Михајло Пупин“ и „Арсениј Јовков“. Веднаш по пријавите, учениците беа евакуирани, а полицијата со антитерористички проверки утврди дека сите дојави се лажни.

Министерот за внатрешни, пак, очекува разрешница за брзо.

„Институциите се максимално посветени во овој дел и јас очекувам скоро, велам многу скоро, за многу кратко време да имаме реализација за откривање на еден од сторителите“ – Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи

Она што засега е познато е дека заканувачките пораки се испраќани од идентични имеил адреси од странство.

Стендап: Четврта недела по ред неколку скопски средни училишта имаат дојави за бомби. Досега сите закани за експлозивни направи се лажни.

Наставата низ училиштата се прекинува веќе 8-ми ден, а од МОН веќе побараа училиштата самите да најдат начин како ќе ги надополнат изгубените часови.