Свет
13. October 2016 - 21:04

Захарова: САД и понатаму ги уништуваат односите со Русија

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама продолжува да ги уништува односите со Москва пред одржувањето на претседателските избори во САД следниот месец, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

- Со жалење констатираме дека Вашингтон продолжува да ги уништува билатералните односи со Русија. Речиси секој ден слушаме нови закани за продолжување на санкциите, истакна Захараова на прес-конференција во Москва.

Таа додаде и дека американските тврдења дека Русија ја хакирала електронската пошта на Демократската партија се лага, а секоја евентуална одмазда на американските власти поради тоа претставува кривично дело.