Захарова по повод санкциите од САД: Не си играјте со оган
Портпаролоката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека САД направија непријателски, антируски чекор, откако веднаш одлучија да воведат нови санкции кон Русија, откако тоа го направи и Европската унија.
– Апсурдот триумфира кога како повод за воведување санкции се прогласи намерно приредена провокација со наводно труење на Навални со некои воени хемикалии. Сето ова е само причина да продолжат со отворено мешање во нашите внатрешни работи. Ние немаме намера да се помириме со тоа, посочи Захарова.
Таа изјави дека Москва ќе одговори на новите антируски санкции на Вашингтон врз основа на принципот на реципроцитет, но додаде дека тоа не се нужно симетрични мерки.
– Намерите да и се наметне нешто на Русија преку санкции или друг притисок не успеаја во минатото, тие и сега пропаѓаат. Ако САД не се подготвени за рамноправен дијалог на разумна основа, тоа е нивен избор, нагласи Захарова.
Таа повтори дека Русија, без оглед на американските, како што рече, „тенденции кон санкции“, ќе продолжи да ги брани доследно и одлучно националните интереси, нудејќи отпор на каква било агресија.
– Ги повикуваме нашите колеги да не си играат со оган, предупреди Захарова.
Таа оцени дека Вашингтон, обидувајќи се да го сврти вниманието од внатрешните проблеми и воведувајќи нови санкции против Русија, ги донесе билатералните односи со Москва до точка на целосно замрзнување.
– Претпоставуваме дека американската администрација не разбира дека времињата се сменија многу одамна и дека обидите да се диктира во современата геополитичка реалност се контрапродуктивни за оние кои не можат да се откажат од нив, рече Захарова во изјавата.
САД вчера воведоа санкции против руските официјални лица поради ситуацијата со Алексеј Навални. САД ги заострија ограничувањата за извоз во Русија и на црната листа внесоа 14 институции.
Како што беше најавено, Вашингтон ќе престане да дава каква било помош на Москва, освен итна хуманитарна помош. Вашингтон им забранува на финансиските институции на американската влада да даваат заеми на Русија, како и извоз на одбранбени технологии во таа земја.
Претходно, ЕУ воведе нови санкции за Русија поради Навални.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци