Захарова: НАТО измислува нереални закани во регионот на Црното Море
Засилените активности на НАТО во регинот на Црното Море покажуваат дека Алијансата си измислува закани, оттргнувајќи се од главните задачи - особено од борбата против тероризмот во Сирија, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
- Ако станува збор за активностите на НАТО (во регионот на Црното Море), за жал и во овој случај, како и за прашањата за сајбер-безбедноста, нашите западни колеги преферираат да се занимаваат со виртуелни и воопшто непостоечки закани, истакна Захарова.
- Виртуелни - не во смисла на присуството на заканите во виртуелниот простор, туку воопшто отсечени од реалноста, нагласи таа.
- Ако НАТО смета дека главната закана за неа доаѓа од регионот на Црното Море, тогаш според мене е во голема заблуда. Сите совршено знаат каде сега се развиваат основните драматични настани, особено борбата против меѓународниот тероризам. Нема никаква смисла да се измислуваат нови, непостоечки закани, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници