Македонија
13. January 2021 - 17:18

Захариева предупредува дека по изборите преговорите ќе одат уште потешко

Германија не ги крева рацете од Македонија. Берлин очекува земјава во текот на годинава  да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Според амбасадорката Холштајн сите услови се исполнети и Унијата нема друга алтернатива за Скопје. Таа потенцира дека во следниот период Македонија и Бугарија треба  да покажат дека и покрај пречките можат да соработуваат.

-Многу е важно да има соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија во оние области и сегмени каде нема разлики во мислењата, со што ќе се докаже дека постои добра соработка.

Но, бугарската министерка занадворешни работи не е оптимист за брза разврска за Македонија. Во следните шест месеци додека Портуугалија е на чело на ЕУ Захариева  не очекува да се продолжи со процесот за проширување, ниту пак верува дека нешто ке се промени по изборите во Бугарија.

Захариева во интервјуто за софиски Труд апелираше емоциите во Скопје и Софија да се смират за да се најде решение, потсетува дека Унијата има јасна политика дека нема да прифати нови членки кои се оптоварени со нерешени билатерални прашања.