Загрижувачка студија за топење на глечерите
НАСА објави загрижувачка студија која потврдува дека светот во иднина ќе има сериозни проблеми поради топење на глечерите.
Хидрологот на НАСА, Џеј Фамилјети тврди дека сувите предели на Земјата стануваат се посуви, а влажните краеви се побогати со вода.
Според студијата во измината деценија копнените површини на нашата планета впиле дополнителни 3,2 билиони тони вода во тлото, езерата и подземните извори. И додека големите реки се побогати со вода некои делови на Индија, Кина, Блискиот Исток и Северна Африка станаа се посуви.
- Ако ги споиме резултатите од оваа студија со претходните за падот на нивоата на подземните води, се открива дека настанува глобална катастрофа, за која малку се презема, посочи Фамилјети.
Иако 71 проценти од земјината површина е под вода, голем дел од неа е солена вода. Само околу 0.007 отсто од водата на Земјата е пристапна за човекот за неговите секојдневни потреби, а се проценув дека до 2025 година, 1,8 милијарди луѓе ќе страдаат од недостиг на вода.
Ново на Сител
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ