-->
-->
Загина возач откако со возилото излетал од пат
-->
Вчера во 15.50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, во месноста „Жировничко анче“, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Љ.Ј.(67) од Скопје излетало од коловозот.
Возачот во несреќата се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, информираат од МВР.
Смрт констатирал лекар од Здравствен дом Ростуше. Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток