Спорт плус
22. April 2017 - 14:38

Загина поранешен шампион на Џиро Д'Италија

Италијанскиот велосипедист и поранешен победник на една од најпрестижните трки во светот, Џиро д’Италија, Микеле Скарпони (37), загинал во сообраќајна несреќа во Филотрано, во италијанскиот регион Анкона.
 
Скарпони загинал за време на утринскиот тренинг, кога на него налетало комбе. Возачот на комбето кој веднаш бил приведен во полиција, рекол дека не го забележал велосипедистот.
 
Микеле Скарпони возеше за тимот Астана, а на Џиро победи во 2011 година, откако Шпанецот Алберто Контадор беше дисквалификуван поради допинг.
 
Италијанскиот велосипедист, во кариерата, добил 25 индивидуални награди, а специјалност му биле ридските делници. Неодамна победи на првата етапа на трката низ Алпите. Тој беше еден од клучните соработници на успесите кои на минатогодиното издание на Џиро д’Италија, ги постигна Виченцо Нибали.
 
Скарпони беше оженет и татко на две деца, а од неговиот тим Астана се огласија со соопштение дека „не може со зборови да се напише каква трагедија претставува неговата смрт“.