Македонија
23. May 2020 - 14:19

Загина мотоциклист во Гевгелија по судар со трактор

Пред околу три часа во сообраќајна несреќа на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија животот го загуби 73 годишниот З.П. од Гевгелија.

Во моментот на несреќата загинатиот управувал мотоцикл со кој, според очевидци, од споредна уличка излегол на улицата „Јосиф Јосифовски“ токму кога на тоа место поминувал тракторот со кој директно се судрил и настрадал.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од сообраќајна полиција и јавен обвинител од Основниот суд во Гевгелија.